Достапни линкови

Северно Море: Потона руска атомска подморница


Во Северно море денеска потона руската атомска подморница КА-159 во која имало десет членови на екипажот, соопшти министерството за одбрана во Москва. Еден од нив преживеа, телата на двајца загинати се извлечени од водата, додека за седумтемина други се уште се трага, изјави портпаролот на министерството Николај Дерјабин. Тој додаде дека нуклераниот реактор на подморницата претходно бил неутрализиран и оти во неа немало нуклеарно оружје. Според него, оваа подморница пред четири години била исклучена од борбениот состав и дека потонала кога била влечена на демонтирање.
XS
SM
MD
LG