Достапни линкови

Пекинг: Натамошните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореа непотребни


По тридневниот состанок во Пекинг за севернокорејската нуклерана програма, неименуван претставник на таа земја оцени дека таквите разговори веќе не се потребни. Според него, Северна Кореа нема интерес да учествува на разговорите. Додека Соединетите Држави имаат јасна намера да не разоружаат, ние немаме алтернатива, ги цитираат агенциите неговите зборови пред заминувањето од Пекинг, кои како што додаваат тие, сугерираат дека Пјонгјанг ќе продолжи да ја развива својата нуклеарна програма. Од друга страна американскиот помошник државен секретар Џејмс Кели кој учествуваше на разговорите во Пекинг оцени дека тие биле продуктивен почеток. Тој најави дека Вашингтон ќе ги продолжи напорите за мирно решавање на севернокорејската нуклеарна криза.
XS
SM
MD
LG