Достапни линкови

Осуда од домашниот и меѓународниот фактор


По серијата бомбашки напади во Скопје кога од автомобил во движење се фрлени експлозивни направи врз објектот на владата, судската палата и касарната Илинден. Инциденти во кои е причинета материјална штета но нема повредени полицијата е во потрага по сторителите

„Преземени се мерки и потрага по сторителите, со блокирање и контрола на градското подрачје и други мерки и активности што се преземаат во текот на денот“

изјави портаролот на МВР Мирјана Контевска. И армијата со зголемени мерки на безбедност. Ситуацијата во делот на границата е чувствителна

„Засилени се мерките на обезбедување – и на караулите, и на границата, и на касарните и после овие последни настани состојбата е чувствителна“

рече портпаролот на министерството за одбрана Марјан ѓуровски.

Македонскте инситуции ја имаат поддршката на меѓународните мисии. НАТО оценува иако генерално состојбата во Македонија е релативно стабилна, но последните насилни инциденти загрижуваат,вели портпаролот Крег Ретклиф:

„Нема оправдување за она што е направено. Како што соопштивме вчера по инцидентот со киднапирањето, целосно ја поддржуваме полицијата и надлежните институции во нивната потрага по сторителите“

рече Ретклиф

Со слична оценка се огласи и ОБСЕ.

„ОБСЕ ги осудува синоќешните бомбашки инциденти во Скопје. Овие кукавички акти не придонесуваат за создавање чувство за безбедност и сигурност кај граѓаните. Го подржуваме МВР во напорите да ги пронајде сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.“

изјави портпаролот Изабел лепен.

Во меѓувреме најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ со барање за итна седница на советот за безбедност и парламентот

„каде што би се дискутирало во врска со влошената безбедносна состојба. ВМРО-ДПМНЕ по трепат ги повикува премиерот Бранко Црвенковски и министерот Хари Костов да преземат решителна акција против терористите“

соопшти Влатко ѓорчев. Од партијата на власт СДСМ со оценки дека последните бомби врз институциите на системот се недвосмислени терористички акти одговараат .

„Дали ќе има или ќе нема седница на Советот за безбедност, одлучува претседателот Борис Трајковски. Доколку тој процени да го свика ова тело, ние ќе присуствуваме. Парламентот како политичко тело во овој момент не знам колку може да придонесе за разрешување на самата ситуација, така што во овој период ние ќе се потпираме на активностите на МВР и владата на Македонија“

Коалициониот партнер ДУИ вели доколку бидеме повикани ќе присуствуваме на седницата. Простор за загриженост има и како партија ги осудуваме овие инциденти изјави Асгрон буцаку со оценка за потребата од зголемена будност на државните органи.

„Се надеваме дека овластените органи и министерството ќе преземат мерки за откривање на сторителите. И треба да се зголеми будноста, за да не се повторат вакви работи“
XS
SM
MD
LG