Достапни линкови

logo-print

Иран можеби е поблиску до развивањето нуклерано оружје отколку што предходно се мислело


Ивештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена, според експертите, покажува дека Иран можеби е поблиску до развивањето нуклерано оружје отколку што предходно се мислело. Мелиса Флеминг, портпарол на Меѓународната агенција вели:

„Трагите на високо збогатен ураниум навистина се најдени во Натанз. Тоа би можело да покажува дека тие веќе развиваат таков материјал, но и дека се точни иранските тврдења оти тој бил увезен. Ние сега тоа го испитуваме.“

Според Флеминг, доколку се покаже дека ураниумот бил збогатен во Иран, тоа ќе покаже дека таа земја тајно се обидува да изгради нуклерано оружје.

„Високо збогатениот ураниум е составен дел на нуклераното оружје. Тој нема никакво значење за цивилните програми. Во нуклераните реактори се користи малку збогатен ураниум.“

Таа објаснува како меѓународните експерти успелале да ги откријат трагите на ураниумот:

„Нуклераниот материјал остава отпечатоци. Тие можат да траат на површината на работите многу децении, а ние имаме софистицирана техника која ги открива и најмалите траги.“

Вели Мелиса Флеминг која додава дека е добро тоа што Иран во последно време ја зголеми соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија.

„Во ова време минатата година, светот практично не знаеше ништо за иранската нуклеарна програма. Имаше многу сомнежи и обинувања. Сепак, ние сме само на половина пат во нашата истрага. Имаме уште многу да направиме.“

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, по најновиот извештај на Меѓународната агенција, изјави дека Вашингтон бара од Иран веднаш да го потпише Дополнителниот протокол со кој на експертите им се овозможува натамошна истрага во таа земја. Засега, Техеран одбива да го стори тоа.
XS
SM
MD
LG