Достапни линкови

Приштина: Според УНМИК само Советот за безбедност може да донесе одлука за статусот на Косово


УНМИК, по синоќешното усвојување на Декларацијата за Косово во српскиот парламент, соопшти дека одлуката за конечниот статус на покраината може единствено да ја донесе Советот за безбедност на Обединетите Нации. Во соопштението се наведува дека ниту една еднострана одлука не може да влијае врз иднината на Покраината. Косовскиот премиер Бајрам Реџепи оцени дека таквиот документ нема никакво дејство, туку само ја зголемува тензијата на Косово. Во Декларацијата на српскиот парламент се наведува дека државниот сувернитет и територијалната неделивост на Србија се однесуваат и на Косово, без разлика на преодната меѓународна администрација во Покраината.
XS
SM
MD
LG