Достапни линкови

Скопје: Ослободени киднапираните полицајци


Македонската полиција вечерва ги ослободи двајцата полицајци, кои беа киднапирани денеска на пладне од страна на Авдиљ Јакупи, алиас командант Чакала.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Мирјана Контевска изјави дека двајцата полицајци, по поставениот ултиматум и преземените соодветни активности, се ослободени и се на пат кон МВР. Контевска информираше дека во акцијата за нивно ослободување немало повредени, изразувајќи благодарност на месното население од регионот каде е извршена операцијата за нивната кооперативност. Во врска со здравствената состојба на двајцата полицајци, се очекува тие најпрвин да стасаат во МВР, по што ќе им биде извршен лекарски преглед. Полициски извори соопштија дека операцијата за апсење на Чакала продолжува, не наведувајќи на која локација таа се одвива, поради безбедносни причини.
XS
SM
MD
LG