Достапни линкови

logo-print

Сент Луис: Буш изјави нема повлекување од Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш зборувајки вчера пред воените ветерани во Сент Луис изјави дека нема повлекување од Ирак и покрај растечките критики и жртви. Буш изјави дека би го прифатил предизвикот повеќе земји да им се приклучат на американските окупациони сили во Ирак. Новиот мандат за регрутирање трупи сепак е под знак прашање во Обединетите Нации поради одбивањето на Вашингтон да и даде на Светската Организација повеќе овластувања во Ирак.
XS
SM
MD
LG