Достапни линкови

Од октомври ќе почне да функционира царинска полиција


200 тони цигари е просечната количина која македонските цариници секоја година ја запленуваат од шверцерите на граничните премини. Структурата на лицата кој го вршат овој вид на нелегална трговија е најразличен, од добронамерни патници кои ја поминуваат границата, преку шофери на автобуси до камионџии.

„Просечно за време на еден викенд македонско-грчката граница ја минуваат 14.000 патници и ако претпоставиме дека сите купат по една штека цигари и тоа помножено по број на викенди во текот на една година, излегува дека се работи за голема количина. Вториот покрупен обем е во автобусите, каде што возачите или патниците, во скриените бункери, се обидуваат да внесат релативно големи количини на цигари“

вели Златко Ветеровски директор во царинската управа. Во летниот период најкарактеристичен е шверцот на цигари во камиони што превезуваат зеленчук.

„Користејќи го брзиот канал за извоз на раноградинарски производи, зад зеленчукот беа ставени околу 4,5 тони цигари“

Освен цигарите во последни време, се јавуваат нови производи што исто така стануваат интересни за шверцерите.

„Се шверцува и техничка стока – телевизори, видео рекордери, двд плеери и друго, како и одредени козметички и прехрранбени производи коишто имаат високи давачки“

Како најпосетувани гранични премини од страна на луѓето кои се занимават со нелегална трговија од царинската управа ги посочуваат оние кои гравитираат кон источниот и јужниот сосед.

„Спрема Бугарија станува збор најмногу за шверцување на прехранбени производи – сирење, кашкавал, а од Грција – цигари и техничка стока“

Со цел да се пружи поголем отпор на ваквиот вид нелегална трговија со почетокот на октомври ќе започне функционирањето на царинската полиција чија задача ќе биде, без претходна најава да влегува во простории во која таа ќе се посомнева дека има шверцувана стока, вели ветеровски.

„Царинската полиција ќе добие овластувања да може да врши претрес на сите простории, вклучувајќи и станови. Службениците кои ќе работат во царинската полиција ќе имаат право да носат и да употребуваат оружје“

Царинската управа на Босна и Херцеговина пред неполна година го активира функционирањето на овој вид на полиција, а за два месеци беше запленета стока во вредност од над 10 милиони евра.
XS
SM
MD
LG