Достапни линкови

logo-print

Прешево: Повредени две момчиња од Куманово во експлозија на граната


Две момчиња од Кумоново -Греша Дураку и Тефрик Тахики - се здобиле со полесни повреди во експлозија на граната што синоќа биле фрлена во дворот на домот на културата во Прешево. Сеуште не е утврдено дали било стрелано кон домот на културата во кој за време на нападот имало десетина деца меѓу кои и повредените кои биле на гости во Прешево или кон згардата на полицијата што се наоѓа во близина на домот. Според координативното тело за јужна Србија цел на напдот била полициската станица, а неговиот претседател Милисав Марковиќ оцени дека експлозијата е терористички чин на одделни Албанци кои не се заинтересирани за заеднички живот. Претставникот на националниот фронт за соединуавње на Албанците односно на политичкото крило на илегалната албанска националана армија Албан Вјоса по повод експлозијата ги обвини српските власти за како што рече државен тероризам.
XS
SM
MD
LG