Достапни линкови

logo-print

Верона: Средба Берлускони - Шредер


Денеска во Верона за прв пат по летните недоразбирања се сретнаа италијанскиот премиер Силвио Берлускони и германскиот канцелар Герхард Шредер. Тие изјавија дека и покрај се односите меѓу двете земји остануваат стабилни и добри. Италијанско – германските недоразбирања започнаа кога Берлускони при преземањето на преседавањето со Европската Унија во Јули германскиот парламентарец кој изрази сомневање во него го спореди со чувар на нацистички концентарционен логор. Берлускони одби да се извини, а потоа следеа и навредливи коментари за германските туристи во Италија.
XS
SM
MD
LG