Достапни линкови

Бразил: 21 загинати во експлозија во вселенски центар


Дваесет и едно лице се водат како загинати во експлозијата на ракета која од бразилскиот вселенски центар Алкантра требаше следната недела во вселената да лансира два сателита. Причините за несреќата се истражуваат. Ова е трет несупешен обид на Бразил да стане прва латинско-американска земја која ке лансира ракета во вселената. И во 1997 и 1999 дојде до експлозии веднаш по лансирањето поради технички проблеми.
XS
SM
MD
LG