Достапни линкови

Регионална соработка и формирање на балканска асоцијација


Принципот на регионалната соработка како еден од вистинските одговори на Балканот на предизвиците пред кои е исправен е доминатен и во замислата која стои зад формирањето на регионалната федерација на туристичките асоцијации наречена БАФТА во која членуваат сите балкански земји:

„Целта на таа федерација е да промовира еден нов имиџ на Балканот. Од сето она што досега се собрало како негативен имиџ од тој балкански синдром на расправии и недоразбирања, да се презентира едно заедништво и отворање нови димензии на соработка. И од тој аспект мислам дека нешто се движи, затоа што почнавме да размислуваме дека нешто делиме што е заедничко на Балканот“

Со седиште во Грција која заедно со Турција е промотор на создавањето оваа федерација планира да собере средства за промоција на заедничката балканска понуда.

„И второ, за регулирање на проблемите што ги имаме меѓу себе во сообраќајот, во визниот режим“

Сево ова е можно само доколку обединувањето на туризмот има и државна подршка вели Јаневски

„Затоа што ние како стопанственици можеме да донесеме многу идеи, да разработиме многу бизнис-планови, но ако политиката не стои зад тоа да ни олесни или отежни – нема резултат“

Во таа смисла има поместување кон подобро смета Јаневски. Македонското учество во оваа балканска туристичка заедница соодведствува на нејзините објективни потенцијали, но и на степенот на кој е туризмот во земјава:

„Имаме ли ние сериозен тур-оператор во Македонија? Туристичките агенции денеска се пиљарници – сабајле отвори го чекмеџето, навечер затвори го и преброј ги парите. Тука нема туризам. Се договоривме: наместо турите да почнуваат од Скопје и ние да организираме балкански тури, тие ќе почнуваат од Белград, од Истанбул. Ние ќе добиеме два-три дена од целиот колач од петнаесет дена, се до оној момент додека ние не се подготвиме да станеме конкурентни и тогаш да кажеме: е, сега ќе почне од Скопје, со наши водичи, со наши возачи, со наша услуга – фактички ние тогаш ќе регистрираме туристички производ. Ние сега сме само дел од туристичкиот производ, коминтенти – не сме носители на работата. Досега не сме ни коминтенти и тука е предноста: да почнеме да се вклучуваме и да видиме“

Сепак подобрување е можно, потребен е ентузијазам и стратегија за нештата да се придвижат.
XS
SM
MD
LG