Достапни линкови

Њујорк: ОН подготвени да му помогнат на ирачкиот народ


Советот за Безбедност на Обединетите Нации по синоќешната седница соопшти дека останува решителен во намерата да му помогне на ирачкиот народ во изградбата на земјата и покрај самоубиствениот бомбашки напад во кој во вторникот загинаа најмалку 20 лица. Советот ја подржува намерата на Обединетите Нации да ги продолжат операциите во Ирак. За денеска е закажана средба на генералниот секретар Кофи Анан со шефот на американската дипломатија Колин Пауел за начините за поголема безбедност во Ирак преку новата резолуција на Советот за Безбедност.
XS
SM
MD
LG