Достапни линкови

logo-print

Безбедносната состојба во Македонија стабилна


И покрај фактот што Балканот е поврзан според принципот на спени садови ситуацијата на Косово засега не ја загрозува безбедноста во Македонија, сметаат домашните и меѓународни инстанци. Амбасадорот на НАТО во Македонија Николас Бигман проценува дека и на самото Косово ситуацијата не е толку дераматична колку што тоа изгледа, но дури и да е така идеите на екстремиститите на Косово немаат подршка во Македонија, што е, вели Бигман од суштинско значење:

„Не е битно дали негде има или нема криминални групи кои тврдат дека имаат политички идеи, туку дали таквите групи ќе наидат на следбеници. Колку што јас можам да проценам во Македонија нема такви следбеници, затоа би рекол дека ситуацијата во Македонија е навистина многу постабилна отколку што некои луѓе мислат.“

Слично мисли и министерот за внатрешни Хари Костов:

„За сега се уште неповолните состојби што владеат во тој регион не се пренесуваат во Република Македонија“

И министерот за одбрана со став во оваа ситуација треба да се биде себичен и да се штитат националните интереси:

„Тоа значи дека во ниту еден момент не треба да се влезе во сценариото што некој го заговара дека при евентуалното решавање на статусот на Косово би била нарушена стабилноста и безбедноста, па дури и дека би бил нарушен суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија“

Проблемите на македонија во однос на безбедноста произлегуваат од мала група луѓе посочуваат Бигман и Костов

„Можеби имаме проблем со некои 5-6 или 10 луѓе – носители на определени активности, кои можеби повеќе ја окупираат јавноста со некои изјави, отколку што навистина имаат можност нешто да направат“

“Точно е дека има некаква луда група кој се плетка по скопска Црна Гора, но не наоѓа никаква поддршка кај луѓето од областа и таа нема сомневање брзо ќе биде уапсена. И тоа е отприлика се што засега е присутно во Македонија“

вели амбасадорот на НАТО

Најавите на министерот Костов дека кривичните пријави се веќе подготвени и оти некои луѓе набргу ќе бидат уапсени ја имаат подршката на НАТО:

„Да бев на местото на министерот Косотв јас ќе ги уапсев овие луѓе што побрзо можам. Не затоа што тие се страшно многу важни, тие се само мала група криминалци туку затоа што тие се засега единствени луѓе што роварат во земјата. Така што сметам оти ова е приоритет за министерот Костов.“

рече Бигман.
XS
SM
MD
LG