Достапни линкови

logo-print

Лерин: Трета средба на децата бегалци од егејска Македонија


Во Лерин денеска почнува третата средба на децата бегалци од егејска Македонија, што за прв пат се одржува во Грција. Манифестацијата треба да започне со прошетка низ градот, по што за вечер е планирана трибина на тема Македонските политички емигранти и нивното право за враќање во татковината. Средбите ќе траат до 24-ти овој месец, а некогашните деца бегалци ќе ги посетат и Костур, Воден и други места во тој дел на Грција.
XS
SM
MD
LG