Достапни линкови

Потребно зголемување на контролата на границите


И покрај тоа што Македонија има добри резултати во борбата против трговијата со луѓе, треба да се работи во насока на зголемување на контрола на границите со што резултатите ке бидат уште подобри, вели професорот од Правниот факултет, Љупчо Арнаудовски

„Во прв план за спречувањето на овој криминалитет што го нарекуваме трговија со луѓе, клучно прашање е Македонија да ги обезбеди границите и да обезбеди контрола на движењето на луѓето – како на оние кои доаѓаат, така и на оние кои излегуваат. Тоа е првата и најбрза мерка што треба да се спроведе. А другиот дел, каква што е контролата на движењето и јавните куќи – тоа се надоврзува на мерките на сузбивањето на криминалитетот, но тоа не може да даде комплетни резултати“

Од министерството за внатрешни работи посочуваат дека позитивните резултати во оваа област се должат на повеке работи

„Формирана е национална комисија за борба против трговија со луѓе. Во неа членуваат членови од разни министерства компетентни за борба против ваков вид криминал. Во 2001 година е отворен транзитен центар за странци, односно за жртви од трговијата со луѓе, во кој се сместуваат исклучително на доброволна основа. Она што е многу важно е тоа што од почетокот на оваа година е формирана комисија за решавање по барањата за одобрување привремен престој по однос на вработување како танчерки или келнерки во ноќните барови во Макеоднија. Мислам дека ова е еден од клучните моменти, затоа што е голем чекор напред и во борбата против корумпираноста и инволвираноста на претставници од полицијата во овој вид криминал, затоа што комисијата е составена од неколку членови од различни бранши. Исто така, од почетокот на оваа година формирана е и единица за борба против трговијата со луѓе“

Изјави Горан Ристевски началник на одделението за сузбивање на трговијата со луге.

Дека има добри резултати потврдуваат и од јавното обвинтелство. Оттаму сметаат оти ова е особено значајно бдејки станува збор за кривично дело кое постои во македонското законодавство само околу година и пол.

„Основното јавно обвинителство во Скопје води повеќе постапки за лица за коишто може да се смета дека влегуваат во оваа категорија на организиран криминал и сметам дека имаме постигнато добри резултати. Ова кривично дело во македонското законодавство постои околу една и пол година. Основното јавно обвинителство досега има покренато пет постапки и од нив четири се завршени. Ние сме задоволни со исходот на тие постапки затоа што и судот ги прифатил и изречени се високи казни од 4 до 6 години затвор“

Вели скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков.
XS
SM
MD
LG