Достапни линкови

logo-print

Нагласена НАТО перспектива


Со нагласена НАТО перспектива армијата на Република Македонија ја одбележува својата 11 годишниона и воедно 60 години од формирањето на батаљонот Мирче Ацев што се смета за зачеток на македонските вооружени сили. Копнено воздушната вежба на припадниците на првата пешадиска бригада, единицата за специјални намени, военото воздухопловство и пртиввоздушната одбрана е само дел од манифестациите со кои се чествува но и демонстрира подготвеноста на армијата да одговори на предизвиците на новот време. Меѓу нив доминантни се реформите кои и претстојат на македонските оружени сили:

„Треба да ни биде сосема јасно дека влезот во Алијанската нема да ни биде подарен, туку за него треба да се избориме преку доследното изведување на цела серија тешки реформски потези“

рече во своето излагање претседателот Трајковски посочувајќи дека армијата има и уште една изворедно сериозна задача – освојување на мирот, бидејќи иако безбедноста е подобрена

„Се уште постојат вооружени есктремисти, поединци и групи, кои го вознемируваат населението и ја одржуваат тензијата во поранешните кризни региони на недозволено високо ниво“

Предизвиците иставени пред армијата беа потенцирани и во пораката што ја упати генералниот секретар на НАТО Џорџ Роберсон. Покрај оценките дека посветеноста и храброста на припадниците на АРМ секогаш биле на висина на предизвикот Робертсон со оптимизам и за перспективите за членство во НАТО по спроведувањето на реформите:

„Вие секако ќе успеет во тоа и ние веќе се гордееме бидејќи вашите војници учествуваат во опарации на НАТО, но пред вас сеуште стои доготраен процес. НАТО е тука да ви помогне да ги реализирате своите амбиции.“

рече Роберсон
XS
SM
MD
LG