Достапни линкови

Грачаница: Повредени Албанци минувајќи низ српско село


Претставник на Обединетите Нации на Косово соопшти дека неколку Албанци се повредени додека ноќеска минувале со три возила низ српското село Грачаница во централно Косово. Нивните возила биле каменувани, а патниците нападнати. Посериозни повреди немало, а до инцидентот доаѓа по помалку од една недела откако во Гораждевац беше пукано врз српски деца кои се капеа во реката, при што две од нив загинаа. Вчера повторно непознато лице отворило оган пред селото Гораждевац.
XS
SM
MD
LG