Достапни линкови

Багдад: Убиен камерманот на Ројтерс од американските сили


Американските сили во Багдад го убиле камерманот на Ројтерс Мазен Дана, мислејки дека сака да фрли граната врз нивниот тенк. Портпаролот Френк Торп за ројтерс изјави дека инцидентот се истражува. Настанот се случил додека камерманот го снимал затворот во Багдад во кој во нападот врз американските сили 6 ирачани загинале, а 59 биле ранети. Официјални лица од друга страна изјавија дека експлозиите на нафтоводот кон Турција и водоводот на север од Багдад се саботажи.
XS
SM
MD
LG