Достапни линкови

Џефри Бингл, шеф на македонската канцеларијата на меѓународната комисија за исчезнати лица. Почнувањето на работата на државната комисија клучен чекор за решавање на проблемот со исчезнатите


Господине Бингл, поминаа две години потрагата по киднапираните и исчезнатите луѓе во воениот конфликт сеуште нема резултати. Вие сте шеф на меѓународната комисија задолжена за ова, до каде е истрагата?

Во основа, што се онесува на текот на истрагата е дека од една страна Министерството за внатрешни продолжува да ја спроведува. Во исто време ние продолжуваме со заложбите за формирање државна комисија која треба да го третира случевите од хуманитарен аспект, наоѓајќи ги одговорите за роднините на луѓето. На 24 јуни парламентот одобри создавање на ваква комисија во која ќе бидат застапени релевантните политички партии и сега треба да бидат избрани членови кои ќе учествуваат во неа. Значи ние би сакале таа комисија што поскоро да почне со конкретна работа. Очекувам дека првата работна средба ќе биде одржана во септември веднаш по годишните одмори. Така ние работиме, помагаме во истрагата, а не спроведуваме сопствена истрага, како што тоа го правеа претходно амбасадор Волен и потоа амбасадорот Норберг.

Роднините на киднапираните се жалат дека времето залудно се троши на комисии, празни разговори, дека нема ништо конкретно. Тие се уморни и разочарани.

Тие постојано ми го зборуваат тоа и мислам дека сосема имаат право да бидат уморни. Срамно е што две години, а во некои случаи и повеќе од две години поминаа без каков и да е одговор за тоа каде се луѓето. Ние им велиме дека за жал иако се работи за релативно мал број луѓе, времето потребно за успех на истрагата е исто како да се работи за поголем број така што ние мораме да продолжиме. Дури и ако роднините се уморат мене тоа не ми е дозволено, јас морам да продолжам да работам и за нив. Сакам да кажам, ова е навистина тежок проблем, особено тежок за роднините и семејствата. Тоа е емоцинална траума да ви одземат некој близок и вие да не знаете каде е и што се случило. Во многу случаи психолошки тоа е полошо отколку да ви убијат некого бидејќи барем знаете што се случило. Неизвесноста предизвикува голема болка. Кога зборуваме со семјствата ние во основа бараме од нив да продолжат да соработуваат, да не се откажуваат, да продолжат со притисокот врз владата за да ги најдат одговорите на кои тие имаат право. Тие не бараат од владата да им направи услуга тие бараат нешто што владата има обврска да го направи.

Што е со извештаите за пронајдени останки во Железник и Непроштено. Колку се точни тврдењата дека пронајдените тела им припаѓаат на некои од киднапираните?

Што се однесува до Железник и оние останки што беа пронајдени во непроштено во 2001-та нашата позиција е: се додека семејствата на дадат крв за анализа на ДНК ние не знаеме дали станува збор за кој било од исчезнатите или на некои други случаи кои не спаѓаат во дваесетте што се предмет на истрагата. Значи не знам се додека семејствата не се согласат да дадат крв за анализа на ДНК.

Како го објаснувате отпорот на роднините тоа да го направат?

Можам да ви кажам што мислам јас. Веројатно семејствата имаат свое објаснување. Психолошки тоа е секогаш тешко за семејството секаде во светот бидејќи тоа значи како тие да признаваат дека постои можност нивните најблиске да не се веќе живи. Тоа не значи дека тие веруваат во тоа, но значи оти на некој начин ја признаваат можноста оти е така. Го видовме ова и во други случаи во регионов, луѓето не го сакаат тоа, тие сакаат да се држат до каков и да е доказ дека тие се живи. Давањето крв не значи дека тие не се живи тоа само значи дека се дава можност дека можеби тоа не е така. Мислам дека е тоа причината. Јас така ги разбрав.

Работевте на слични проблеми и на територијата на другите поранешни републики на Југославија. Има ли македонскиот случај сличности или специфики во однос на оние во Босна, Хрватска, Косово?

Накусо во основа низ целата поранешна Југославија, сите републики освен Словенија ние проценивме дека има околу 40 иљади луѓе кои се исчезнати за време на војните . Околу 30 илјади се во Босна, таму бројот е најголем. Овде очигледно бројот е многу помал, но тоа не ја намалува потребата случаите да се решат. Валдата тоа треба да го направи не само заради семјствата на луѓето туку и за да покаже дека ги заштитува правата на своите граѓани, незавиосно од нивната етничка припадност. Тоа е многу поголем проблем, бројот не е важен. И на многу начини процесот е еднакво тежок тука како и во Босна или хрватска каде бројот е многу поголем. Бидејќи тоа е ист проблем, владата и таму и тука треба да покаже дека е кадарна да ги заштитува правата на своите граѓани. Мора да разбереме дека сегашната како и секоја влада оима одговорност да ги најде одговорите за сите тие луѓе безоглед дали таа има или нема каква и да е поврзаност со исчезнувањето. Тоа не е важно, меѓународните закони ги обврзуваат на тоа да им одговорат на семејствата каде се нивните блиски безоглед дали се тие македонци или Албанци. Со тоа таа ќе покаже дека ги третира своите граѓани еднакво.

Штом е ја спомнете одговорноста на владата, сегашната или некогашната, прашањето на киднапираните добива политичка димензија, претпоставувам дека сте свесни за тоа?

Политиката во голема мера може да биде одбегната ако на тоа се фокусираме. Откога сме тука, од ноември ние се фокусираме на човечката димензија на слуичаевите. Бараме одговор за судбината на конкретни луѓе безоглед од која националност се, луѓе кои ги нема. Тоа е исто така тешко, но можно. работевме и со семејстватата. Им помагавме да бидат своевидна лоби-група која го врши притисокот за добивање одговор, но во истовреме се трудевме да ги дистанцираме од какви и да е обиди за политички влијанија. Успехот е во тоа да ја намалите политизацијата. Не можете да направите неа да ја снема потполно, но можете да ја наламите. Во таа смисла и демонстрираната подготвеност на политичките партии за формирае на национална комисија која ќе го решава проблемот е чкор напред за разлика од минатите години . така Што донекаде сме успешни, донекаде не но продолжуваме да работиме за да ја одстраниме политиката од ова прашање.

Не мислите ли дека актуелизирањето на проблемот некако ги отвора старите рани фактот дека Македонците се жртви на Албанци и обратно , ја засилува поделбата по етничка линија?

Се додека се фокусираме на главната работа, да ја откриеме судбината на луѓето, да ги најдеме одговорите за семејствата и за момент да ги оставиме на страна прашањата на правда и одговорност мислем дека тоа на многу начини ќе ги обедини двете страни. Иако случаевите се разликуваат тие имаат една заедничка карактеристика – сите бараат некого. Ако сите се фокусираме на тоа да обезбедиме човечки одговор за семејствата тоа ќе почне да гради доверба. Го видовме ова и на други места каде луѓето во почеток не сакаа да соработуваат преку етничките линии а потоа почнуваат да согледуваат дека болката е иста, владата е еднакво бавна за нивните барања. Би можело да стане тешко доколку дозволиме случајот да се политизира. Доколку политичките партии го користат случајот за да добијат гласови тогаш тоа може да ја зголеми тензијата. Но доколку тоа не е така туку навистина истрага да се најде одговорот за судбината на луѓето безоглед на етничката припадност тогаш во голема мерка е тоа процес на помирување.

Што според вас е клучниот чекор во насока на решавање на проблемот?

Главниот чекор што треба да биде направен е започнување на работата на државната комисија. Треба да бидат назначени членовите и тие да се сретнат со нас за да изготвиме конкретен план за работа и да почнеме со неа. Треба да им се покаже на семејствата дека конкретно се работи. Можеби Ќе биде потребно време за пронаоѓање на одговорите но тие мора конкретно да работат и транспаренто да покажат што работат.
XS
SM
MD
LG