Достапни линкови

Штетата релативно мала


Интернет вирусот Бластер ги напаѓа компјутерските системи во светот. Штетата е релативно мала, делумно поради претходно научените лекции, но нападот со овој вирус уште повеќе го принуди Вашингтон да ја заштити технолошката инфрастуктура, велат стручњаците за компјутерска безбедност.

Вирусот Бластер ,од непозната група, е ставен на Интернет за да направи пустош во меѓународните информациски системи и хаос во коорпорацијата Микрософт. Всушност нападнат е оперативниот систем Виноус на Мајкрософт светската водечка фирма на Бил Гејтс. Имено 95 проценти од персоналните компјутери во светот го користа Виндоусот. Гејтс, најбогат човек во светот, е нападнат со пораката – ,,Били Гејтс зошто го правиш ова можно. Запри со правењето пари и поправи си го софтверот,,. Околу 125 илјади компјутери беа приврено оневозможени за работа по појавата на Бластерот. Велат малку зато што навремено е пратено предупредувањето. Советникот за копјутерска безбедност Ричард Гримс смета.

„Не е толку лошо како што мислевме. Можеше да биде и полошо.“

Вирусот Бластер, или познат и како Ловсан, всушност оневозможуваше размена на дата фајловите низ компјутерските мрежи и меѓу настраданите беа неколку коорпорации. Спорадични проблеми имало и во некои од американските владини агенции, но не и кај главниот систем. Најголема загриженост при ваквите напади со вирус се системиет на електричната енергија или воздушниот сообраќај. Според американскиот одел за домашна безбедност адмионистрацијата на претседателот Џорџ Буш презела сајбер мерки за заштита и се работи врз технологија за безбедност на виталните компјутерски мрежи. Аналитичарот Гримс вели дека повеќето од стратегиските компјутерски системи во Америка не го користат Виндоусот, но дека опасност сепак постоји како кога вирусот Ај Лав Ју нападнал, неколку часа не функционирале мобилната и фиксната телефинија во Соединетите Држави. Во секој случај, велат аналитичарите ваквата јавна порака на Бластерот односно неговиот двојник Лавсан има за цел да му наштети на Мајкрософт, кој минатата година започна да работи на исфлање на ранливите точки од неговата програма.
XS
SM
MD
LG