Достапни линкови

Блиски Исток: Утре состанок на израелски и палестински воени команданти


Израелски и палестински воени команданти ќе се состанат утре за да ги утврдат роковите за повлекување на израелските трупи од Ерихон и Калкилија. Шефот на палестинската безбедност Мохамед Дахлан изјави дека со израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз се договори овие два града да им бидат предадени на палестинците во наредната недела, а Рамала и Тулакрем за десет дена. Станува збор за првата фаза од блиско-источниот мировен план.
XS
SM
MD
LG