Достапни линкови

Комплицирано регистрирање на правни субјекти


Македонија сака странски инвеситиции. Само свеж капитал однадвор може да ја придвижи економијата, се согласуваат и експертите и надлежните. Но, со што ќе се соочи некој странски државјанин доколку сака да започне бизнис во Македонија. Засега процедурата е следна:

„Доколку се работи за физичко лице странец, во тој случај е потребно да има важечки пасош којшто ќе биде преведен од наш овластен судски преведувач и заверен кај нотар. Исто така, потребни се сите документи што би се поднеле кај нас и за домашна фирма, во согласност со законот за трговски друштва. Тоа се судски формулари од 1 до 7, ЗП-образец што се заверува кај надлежен нотар, и одлуки што се подготвуваат во согласност со законот за трговските друштва“

вели адвокат Кети Арсова чија канцеларија води постапки за регистрирање фирми. Таа посочува доколку некој со добра намера и добри нерви реши сам да ја истурка процедурата

„Без правно познавање, без да има некој познат во судот којшто би го упатил на некоја врата, би му требале сигурно околу 2-3 месеци, ако има нерви да ги издржи сите тие враќања по вратите. Не е проблем вие да доставите превод и да го заврите на нотар. Проблем се сите други работи коишто произлегуваат од оваа правна процедура. И проблем е кога ќе отидете во судот, ќе ве вратат за едно или за друго, а нема да ви кажат што треба да донесете за да биде исправно“

Дури и професинална агенција која ја врши услугата за надомест се соочуваат со тешкотии

„Да речам околу 90 отсто од времето го трошиме одејќи од врата до врата. Не може ништо да се заврши со едно одење“

вели Арсовска.

А, токму сложената бироктратска пропцедура како се нарекува популарното шетање по шалтери се посочува како една од причините за минималниот влез на странските инвестиции во земјава. Затоа, владата во фокусот на новоусвоената програма за привлекување странски капитал предвидува воведување едно шалтерски ситем за регистрација на фирми:

„Елиминирање на бројните административни бариери што се поврзани за странските директни инвестиции, особено упростување на процесот на регистрација на странските директни инвестиции. Тоа ќе мора да се врши така да се каже на едно место“

вели економистот Таки Фити. Но станува збор сеуште за изготвен проект кој што допрва треба да се спроведе.

„Но, сега проблемот, како што бидува кај нас, е самата реализација на оваа идеја. Се претпоставува дека треба да се променат 70-80 закони за да се олеснат или елиминираат бројните административни бариери коишто оневозможуваат егзистенција на претприемнички амбиент во Република Македонија“
XS
SM
MD
LG