Достапни линкови

Њујорк: Усвоена американската резолуција во ОН


Советот за безбедност на Обединетите Нации ја одобри американската резолуција со која се поздравува ирачката привремена влада и востанови нова мисија на Светската организација во таа земја со мандат од дванаесет месеци. За резолуцијата гласаа сите членки, со исклучок на воздржаноста на Сирија – единствена арапска земја во Советот за безбедност. Американскиот амбасадор во Њујорк Џон Негропонте оцени дека со ваквиот чекор се гарантира оти Обединетите Нации повторно ќе имаат витална улога во Ирак. Резолуцијата ја поздрави и официјална Москва.
XS
SM
MD
LG