Достапни линкови

logo-print

Растечко влијание на англискиот јазик во поранешниот комунистички блок


За време на Советската ера рускиот беше заеднички јазик од Прага до Ама Ата. Сега трендот се менува и англискиот јазик е се повеќе во употреба. Некогаш знаењето на англискиот беше шанса за бегство – клуч за имиграција на запад, а денес е јазик на можноста дури и дома, се вели во анализата за растечкото влијание на англискиот јазик во поранешниот комунистички блок.

Русите секогаш биле по модата, позајмувале зборови како додавка на сопствените. Така додека во времето на Царската Русија францускиот беше странскиот јазик број еден па русите за спрат велеа ,,Етаж,, сега се почесто излегуваат на ,,бизнис ланч,, пред да се вратат во ,,офисот,,. Денес се повеке руси ,меѓутоа, го изучуваат англискиот јазик не поради фразите туку за да зборуваат течно. Дури и во советско време во Русија постоеше високо квалитетно изучување на странските јазици во таканаречените специјални училишта од основно до универзитетско ниво. Такви училишта постоеа и во Татарстан во главниот град Казан, а тие денес само се подобруваат, вели професорката Аида Садикова.

„Сакам да кажам дека тие едноставно ја подобруваат традицијата. Англискиот се учи на високо ниво, од второ оделение. Некои предмети , како математика, физика и географија се директно поврзани со англискиот јазик.“

Англискиот, наведува професорката Садикова, се изучува и во нормалните училишта на различни начини. За неговото ширење посебно придонесуваат Сателитската Телевизија и Интернетот каде што овој јазик е основен. Според статистиката на руското министерство за образование, во две илјадитата година две третини од учениците учат странски јазици или 9 милиони ученици го изучуваат англискиот, 4 милиони германскиот и милион ученици францускиот јазик. Ерик Џонсон од американската амбасада во Москва, библиотекар по професија кој ги координира 25 те американски центри во Русија кои нудат услови за подобрување на вештините на англискиот јазик, смета дека можноста за напредување односно сфаќањето дека англискиот е меѓународниот јазик за комуникација е основната причина поради која тој стана број еден странски јазик во таа земја.

„Сметам дека русите разбираат дека англискиот е меѓународниот јазик на бизнисот, на трговијата, на комуникацијата. Затоа многу пред се млади луѓе сфаќаат дека тоа е патот за дибивање многу можности.“

Едноставно мотивот на младите ученици во Русија би гласел ,, Англискиот е ИН, а никој не сака да биде аутсајдер.
XS
SM
MD
LG