Достапни линкови

Белград: Нападната патрола на војската на СЦГ на патот Подуево - Куршумлија


Министерството за одбрана во Белград соопшти дека група албански екстремисти вчера со истрели од пешадиско оружје нападнале патрола на војската на Србија и Црна Гора на патот Подуево-Куршумлија. Нападот бил одбиен, а патролата уапсила еден од напаѓачите. Министерот за одбрана Борис Тадиќ оцени дека овој втор напад врз војската во изминативе два дена сведочи за ескалација на судирите и за синхронизирана активност на албанските екстремисти.
XS
SM
MD
LG