Достапни линкови

logo-print

Останува најтешкото - реалиацијата


Македонија десет години по независноста има најмалку странски инвестиции и во споредба со регионот е наjнетрактивна. Вкупните инвестиции во земјава изнесуваат 840 милиони долари или 13 насто од бруто домашниот производ. Но, првиот чекор кон подобрување на работите е направен оценува економистот доктор Таки Фити кометирајќи го усвојувањето на програмата за поттикнување на странски инвестиции во македонија

„Битен фокус на програмата е изградба на претприемнички амбиент, во којшто јасно би се дефинирале правилата на игра, сопственичките права, зголемување на ефикасноста на судството и особено елиминирање на административните бариери за странските инвестиции и борба против корупцијата и криминалот што имаат силно влијание врз странските инвестиции.

Мерките на хартија нема да дадат резултати ако не се отстранат вистинските пречки за привлекување на имвестициите.

„Најтешкиот дел е реализацијата на програмата, бидејќи тоа подразбира менување на 80-тина закони за да се олеснат административните бариери коишто оневозможуваат егзистенција на претприемнички амбиент во Македонија.“

Простор за оптимизам има, вели Фити, но при тоа не смеат да се заборави дека станува збор за обемна операција која подразбира менување не само на економската туку и политичката и севкупна клима во земјава

„Македонија горе-долу со економскиот систем што го заокружува по целата економска логика, доколку нема политички турбуленции би требало да тргне кон повисок економски раст.“
XS
SM
MD
LG