Достапни линкови

Надлежните велат - обичај да се пука по свадби


Пукотниците што се слушаат од насока на Сарај и Арачиново се резултат на домашни веселби. Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема информации за сериозни инциденти или престрелки. Станува збор за дологодишен обичај за пукање на свадби што конечно треба да биде напуштен вели градоначалникот на општина Сарај Имер Селмани:

„Морам да кажам дека не ги одобрувам таквите масовни пукања, односно употреба на огнено оружје, а употребата е исклучиво во семејни свадби, веридби итн, но тоа не ја оправдува употребата. Меѓутоа, за среќа до денеска немаме никаков инцидент, немаме повреден или ранет од употребата на оружјето.“

Во таа смисла тој апелира

„До сите граѓани на општина Сарај, но и пошироко, да се воздржуваат од употреба на користење на огнено оружје за свадбени церемонии, од една проста причина, што имаме случаи кога таквата работа е и кобна понекогаш. Оваа навика треба побрзо да се прекине.“

Селамни вели дека на оваа појава не треба да и се дава никаква друга конотација по информацииите дека станува збор за пресметки во албанскиот блок меѓу групите лојални на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Џезаир Шаќири од НДП. Тоа е апсолутно неточно вели Шакири

„Нема да одиме толку далеку, како што сакаат да ни извадат во медиумите. Немаме никакви групи, имаме само електорат. Јас сум пратеник во опозиција, и ќе бидам конструктивна опозиција. Мое право е да критикувам секого, па и Али Ахмети.“

Војната заврши нема потреба од оружје – тоа само ги загрозува животите на луѓето вели Шаќири.
XS
SM
MD
LG