Достапни линкови

logo-print

Причини - војната во Ирак и преценетата вредност на еврото


Втората недела на август е обично највисоката точка на европската летна туристичка сезона. Нормално, во ова време од годината туристите од Северна Америка и Азија ги преплавуваа улиците на Париз, Рим и Лондон, а на плажите од Шпанија преку Хрватска до Грција се редеа во линии тело до тело. Оваа година, велат туристичките организации, не е нормална година за што причните се бараат во војната во Ирак којашто се случи во клучните пролетни месеци кога се букираат аранжманите, како и во растечката вредност на еврото и економската криза во Германија. Послабо е дури и во Шпанија и Италија, а Франција, број 1 туристичка дестинација во светот, остана без прекуокеанските туристи, посебно без Американците. Војната во Ирак, односно разликите што Париз ги имаше со Вашингтон се, според Рок Квантик од Светската туристичка организација, причините поради кои Американците не патуваат во Франција:

„Особено Франција, Париз. За времето на конфликтот медиумите и јавното мислење, знаете, Франција не го одобри американскиот напад врз Ирак. Многу Американци решија да не ја посетат Франција оваа година“

Светската туристичка организација, инаку, смета дека многу од проблемите се поврзани и со Германија која две години е близу или е во рецесија, каде што невработеноста достигна над 10 проценти. Квантик ја додава и рецесијата во САД за да ја комплетира сликата. Европејците и самите традиционално, а и годинава одбираа поевтини дестинации. Хрватска е во тренд за Германците, Австријците, Унгарците и Чесите. Годинава таа оглично поминува, а од друга страна не зависи од трансатланскиот туризам. Следниот тренд на Европејците, вели Квантик од Светската туристичка организација, е – Бугарија. Посебно, според неговите зборови, Германците сакаат евтин туризам. Тој вели дека сепак во глобала очекува ситуацијата со европскиот туризам да се поправи до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG