Достапни линкови

Македонија ги остварува преземените обврски, освен во здравството


Македонија не може без аранжманите со ММФ, и тоа поради многу причини – вели Михаил Петковски, професор на Економскиот факултет:

„Најглавното е тоа што практично мислењето кое го дава ММФ не е битно само затоа што ќе се добијат кредити од самата таа институција, туку затоа што тое мислење е релевантно за инвеститорите и за меѓународната заедница. Практично, ММФ е некој вид ревизор кој на светската заедница и кажува: Македонската економија е во оваа или во некоја друга состојба. И од таа гледна точка мислам дека земјите каква што е Македонија не можат без аранжман со ММФ“.

Шефот на ММФ Франек Розвадовски, по завршувањето на редовнит преглед на исполнување на стенд-бај аранжманот оцени дека Македонија ги оствари обврските во првата половина од годинава, со исклучок во здравствениот сектор, каде што е потребно работење со поинтензивно темпо.

Симон Силјановски, претседател на Синдикатот на здравствените работници, коментирајќи ги најавените реформи во овој сектор, вели:

„Нашите определби се експреиментот да оди, меѓутоа чекор по чекор и, ако реформата донесе понеповолни ситуации, да може одредени сегменти да се вратат на претходната состојба“

За да му се каже збогум на ММФ, потребно е македонската економија да застане на здрави нозе – вели професорот Петковски:

„Споредбите со Словенија и слично се депласирани, бидејќи Словенија е во сосема друга ситуација. И мислам дека е тоа став кој е прифатен и ќе биде прифатен од секоја мината, сегашна и идна македонска влада, а ќе се промени во некоја поубава иднина, кога македонската еконмија ќе се зацврсти толку многу што аранжманите со фондот нема да и бидат повеќе потребни. И останува да поработиме на тоа еден ден да можеме да му кажеме збогум на ММФ“.
XS
SM
MD
LG