Достапни линкови

Калифорнија: Шварценегер кандидат за гувернер


Филмската ѕвезда Арнолд Шварценегер изјави дека ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија на предвремените избори што се закажани за седми октомври годинава. Повеќе од милион гласачи во Калифорнија потпишаа петиција во која се бара одржување предвремени избори незадоволни од работењето на сегашниот гувернер демократот Греј Дејвис. Актерот Шварценегер е член на Републиканската партија. Последните вакви избори во Америка беа одржани пред осудесет години во Северна Дакота.
XS
SM
MD
LG