Достапни линкови

Пекинг: Подобрување на стратегиското патрнерство на Русија и Кина


Кинескиот претседател Ху Џинтао изјави дека тој сака да види нови Кинеско - Руски односи во 21 век и оти Пекинг е подготвен да работи со Москва за подобрување на стратегиското партнерство. Кинеските медииуми не прецизираат за какви нови односи станува збор, а оваа изјава на кинескиот претседател доаѓа по посетата на Пекинг на спикерот на Руската Дума Сергеј Миронов кој од своја страна изјави дека стабилните односи меѓу двете земји се од значење за светскиот мир и како што рече промоција на мулти поларизацијата.
XS
SM
MD
LG