Достапни линкови

logo-print

Реформите - чекор по чекор


Колабираното македонско стопанство повеќе не може да го издржува системот на социјалното здравство што го имавме со години наназад. Но, состојбите не можат да останат во стаус кво – е ставот на првиот синдикалец во здравството Симон Силјановски. За синдикатото, вели Силјановски, владиниот предлог за здравствена заштита со кој се предвидува поделба на големите медицински центри на здравствени домови и општи болници е позитивен чекор:

„Се добива растоварување на гломазната цметка што ја има еден центар, кој, на пример, имал 2000 луѓе и сега би работел посегменто. Тогаш реално би се гледале економските моменти во здравствениот дом. Тоа го предвидува и законот за локална самоуправа – како ќе биде организирана примарната заштита и кој опсег е предвиден за исплата на локално ниво и, нормално, се очекува тоа да биде пореално и поекономично, а сепак подобро за граѓаните“

Предвидените реформи опфаќаат и приватизација на аптеките, а синдикатот ќе инсистира, вели Силјаноски, дел од аптеките да останат под државна капа:

„Би требало заради сегментот позитивна листа да се сочува дел од таа област за граѓаните и да нема манипулации во однос на цените и сл.“

Граѓаните не се задоволни од актуелните состојби во здравството и голем дел од нив сметаат дека нешто во овој систем треба да се менува:

„Па сега, ние се бориме против корупцијата, а корупцијата е најголема. На пример, човек добива повеќе нервоза“
„Не може јас да одам со рецепт по лекови и да ми кажат го нема лекот, а ако побарам истиот лек да го купам приватно – ми го даваат. Значи, таму нешто не штима. И ако веќе во државата се приватизира се, нека го приватизираат и здравството. Кога ќе е приватно, кога ќе ми треба ќе си платам колку што треба и ќе имам третман каков што заслужувам.“
„Не е регулирано како што треба да биде и тоа што треба да го добиваат, осигурениците не го добиваат. Многу треба да се промени, оти сега не чини. Како што одиш од врата на врата, без пријатели – тешко. Многу ретки се исклучоците кога ќе те прифатат ~исто хумано“

И покрај поддршката на реформите во здравството, првиот синдикалец смета дека тие не треба да одат пребрзо, туку чекор по чекор:

„Нашата позиција е експремиментот да оди, но чекор по чекор и да има можност за враќање на ситуациите, доколку тие се влошат со реформата, а претходно биле поповолни“
XS
SM
MD
LG