Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израел го објави списокот на палестинските затвореници што треба да бидат ослободени


Израел го објави списокот на триста и четириесет палестински затвореници што треба да бидат ослободени утре. Палестинците побараа да бидат ослобедни околу шест илјади затвореници во израелските затвори. Ова се очекуваше да биде една од темите на утрешниот состанок меѓу израелскиот и палестинскиот премиер Ариел Шарон и Махмуд Абас. Сепак, според последните информации, Абас го откажал состанокот со објаснување дека Шарон не прави доволно за спроведување на мировниот план.
XS
SM
MD
LG