Достапни линкови

Олеснат визниот режим за децата бегалци од Егејска Македонија


Грчките конзуларни власти од денеска ја воведоа олеснетата процедура за издавање визи на некогашните деца бегалци од Егејска Македонија. Иако се надевавме дека визите сосема ќе бидат укинати, сепак сме задоволни од чекорот – вели Ѓоко Доневски од здружението незаборав:

„Грчката влада ја олеснува процедурата, издава гратис визи без да бара документи со кои порано не малтретираше. Сега се потребни само две фотографии и пасош и визите се добиваат веднаш, додека се напиеме кафе. А кога ќе се добие визата нема никакви проблеми за одење во Атина, на Пелопонез или во Солун и Лерин“

Стартот на олеснетата процедура доаѓа во вистински момент – пред одржувањето на традиционалната средба на децата бегалци, која за првпат ќе се одржи на плоштадот во Лерин, на 20 август. Програмата останува непроменета, вели Доневски. Заинтересирани за средбата има многу. Но, неблагодарно е да се предвидува бројот на оние кои на неа ќе присуствуваат:

„Еден број луѓе нема да одат само на дваесетти туку ќе го искористат целото тоа време – од 10 август до 30 октомври - за посета на родните места и роднините“

Олеснувањата што ги предвидуваат грчките власти не се однесуваат на оние на кои во пасошот местото на раѓање им е наведено со словенски топоним. Станува збор за критериум воведен пред три години кој се уште останува во сила.

„Ни на грчки топонимите, ни на македонски. Си останува старото решение од пред три години, што е компромис меѓу нашата и грќката влада. Тие што нема да го променат пасошот, нема ни да можат да одат“ – вели Доневски.
XS
SM
MD
LG