Достапни линкови

logo-print

Не’ поврзуваат минатото, сегашноста и иднината


Честитајќи му ги двата Илиндена на македонскиот народ, нагласувајќи дека билатералните односи на овие држави бележат напредок, дека ниту еден проблем не може да доведе до стагнација или до нивно нарушување, Миќуновиќ рече:
„Ние како политичари ќе сториме се тоа да не се случи, зашто е во интерес и на нашите народи и на нашите држави заеднички да чекориме кон Европа и да ги прифатиме европските мерила со сите слободи, вклучувајќи ги и верските и да не дозволиме никакви проблеми да ги разнишаат.
Сите нас од овој регион не очекуваат големи задачи за интеграција и стабилизација во Европа, како и на покренување на овој регион кон иднината. Добрососедските односи помеѓу двете држави и понатаму ќе се развиваат оти постојат демократски сили – рече Поповски и додаде:
„Не зврзува историјата, не сврзува сегашноста, не сврзува и иднината. Овие две држави имаат заеднички демократски вредности, така што сакаме заедно да го славиме минатото, сегашноста и иднината. Сакаме да чекориме кон демократијата, кон човековите права, кон демократските вредности. Се разбира, да чекориме заеднички кон евроатланските структури“
Во караулата на српско-црногорската граница разговори се водеа меѓу двете делегации меѓу кои беа и министрите за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева и на Србија и Црна Гора Горан Свилановиќ. По разговорите претседателите на собранијата на двете држави Поповски и Миќуновиќ изјавија дека е разговарано за продолжување на билатералната соработка и за надминување на проблемите кои беа актуелизирани деновиве. За враќањето на спомен-плочите од АСНОМ Миќуновиќ одговори дека Србија и Црна Гора набргу ќе го решат тој проблем заедно со Српската православна црква.
XS
SM
MD
LG