Достапни линкови

Вооружени групи се шетаат во кумановско и скопско


Вооружени лица, некогаш облечени во униформа и со ознаки на тнр. АНА, слободно се движат низ кумановскиот регион, во селата што беа опфатени со вооружениот конфликт во Македонија, и сеат страв меѓу локланото население. Во вечерните часови ги легитимираат случајните минувачи, а често и ги ограбуваат. Засега јавно никој од жителите на овие села не се осмелува да прозбори, поради личната безбедност, иако револтот кај нив е огромен. Во Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека вооружени лица шетаат во овој регион:

„Има присуство на одредено група во липковско-кумановскиот крај која врши криминални активности и заплашување и на скопско подрачје. Се појавуваат во униформи, се појавуваат вооружени, меѓутоа, ние работиме, според добиените сознанија, за откривање и утврдување на лицата и преземање конкретни мерки против нив“ – изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска.

И претставниците на меѓународната заедница во земјава го потврдуваат присуството на екстремисти во поранешните кризни региони:

„Безедносната ситуација во кумановскиот регион и во другите,л според нас е стабилна, но со ова не мислам дека состојбата во земјата е идеална. Посебно во овој регион и воопшто во земјава има проблеми. Не е ништо ново дека таму има екстремисти. Станува збор за индивидуалци кои не се задоволни од развојот. Овие луѓе се познати и на македонските власти и на претставниците на меѓународната заедница. Станува збор за изолирани поединци кои не ја уживаат поддршката од релевантните фактори во земјава“ – изјави портпаролот на ОБСЕ Харолд Шенкен.
XS
SM
MD
LG