Достапни линкови

Илинден - круна на вековниот напор за слободна Македонија


Секој народ и држава имаат свои историски датуми на кои се случиле големи херојски настани. Илинденското востание 1903-та и Крушевската Република која произлезе од него, како и вториот Илинден – АСНОМ 1944-та и независноста од 1991 година се настаните кои ја одбележуваат 100-годишнината од државноста на Македонија – изјави пред пратениците претседателот на Собранието Никола Поповски.

„Европската и евроатланска ориентација на Република Македонија беше клучен елемент во нејзината државна надворешна политика уште од самиот почеток. Таа ужива голема поддршка кај нашите граѓани и во повеќе прилики на консензуален начин е потврдувана од релевантните политички партии. Сега сме во период кога треба да го надоместиме изгубеното време во процесот на нашето европско и глобално интегрирање“ – изјави Поповски, кој потенцираше:

„На крајот на краиштата, мораме на сите наши граѓани, без разлика на нивното етничка или верска припадност, да им овозможиме да се чувствуваат и да бидат рамноправни со другите народи во Европа. Затоа што тие тоа го заслужуваат, а ние секако тоа им го должиме“

Дваесеттиот век беше најтежок за Македонија, но и век во кој ја стекнавме слободата. Затоа положивме многу жртви, но тие не беа залудни – рече Никола Поповски:

„Затоа сите ние кои живееме на тлото на Македонија денес – Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Боѓњаците и другите заењдници – треба да сме горди на нашите предци, на својата слобода и на нашата држава Република Македонија, која исто така треба заеднички да продолжиме да ја градиме“
XS
SM
MD
LG