Достапни линкови

Спектакл пред сто илјади гледачи


Ова беше една од песните што ја запали скоро стоилјадната публика која и покрај дождот се собра во паркот Летна во Прага за да го проследи настапот на светската рок атракција Ролинг Стоунс. Шеесет годишниот фронтмен на групата Мик Џегер кој претходниот ден го прослави својот роденден исто така во чешкиот главен град, над два часа, со неговата претпознатлива динамика по сцената, покажа дека им пркоси на годините. Тоа го покажаа и преостанатите членови на групата чиј вчерашен концерт во Прага беше само еден во низата на Европската турнеја по повод четириесет годишно постоење на Ролинг Стоунс. Двата часа од концертот беа исполнети главно со подинамични рокерски хитови на групата, но и со прекрасно лајт шоу кое беше надополнето со огромнни подвижни телевизиски екрани. Ролинг Стоунс на овој концерт беа најавени од поранешниот претседател на Чешката Република Вацлав Хавел кој ги нарече гласници на слободата. ,,За време на кадифената револуција против комунистичкиот режим, стотици илјади луѓе се собраа во паркот Летна да протестираат против тоталитаризмот. Неколку месеци подоцна, се случи нешто незамисливо за претходните декади. Ролинг Стоунс се спуштија од небото. Нивниот концерт во Прага беше сфатен како порака на слободата, не само за рок фановите, туку за сите граѓани,, - го најави Вацлав Хавел концертот на Ролинг Стоунс што го завршија со нивниот, без сомневање, најголем хит.
XS
SM
MD
LG