Достапни линкови

logo-print

Блиски Исток: Обид за атентат на шефот на палестинската воена разузнавачка служба


Шефот на палестинската воена разузнавачка служба генерал Муса Арафат остана неповреден при вечерашниот минофрлачки напад врз неговата канцеларија во Газа, соопшти претставник од палестинските безбедносни сили. Овој претставник рече дека вооружени лица стрелале кон канцеларијата на генералот, но го погодиле затворот, кој се наоѓал непосредно во негова близина, при што биле повредени најмалку десет затвореници и полициски офицери. Четворица од нив се во критична здравствена состојба. Палестинските безбедносни сили веднаш ја опколија областа и почнаа со потрага по докази, но досега никој не е приведен. Генерал Муса Арафат е роднина на палестинскиот лидер Јасер Арафат.
XS
SM
MD
LG