Достапни линкови

Загреб: Две лица починаа од горештини


Две лица починаа, а стотина побараа медицинска помош поради горештините кои ја зафатија Хрватска оваа недела, кога температурата се искачи на 40 степени Целзусови. Две возрасни лица, кои имале срцеви проблеми, неделава починаа во Осиек, како последица на високите температури, соопштија локалните здравствени власти. Болниците информираат дека дневно имаат по 50 интервенции кај пациенти со срцеви заболувања. Воедно нивото на водата во реките опадна на најниско на ниво па на наслението му се заканува недостиг од вода и електрична струја. Властите го повикаа населението да ја штеди водата и струјата, а шефот на националниот воден систем Иван Коловрат рече дека доколку набрзо не заврне дожд, веројатно ќе има проблеми со водоснабдувањето во текот на следниот месец, кога ќе биде ек на туристичката сезона. Водата во реките Сава, Купа и Уна е на најниско ниво во историјата. Земјоделците соопштија дека поради сушата претрпеле загуби од милиони куни, што доведе до зголемување на цените на овошјето и зеленчукот за најмалку 25 отсто.
XS
SM
MD
LG