Достапни линкови

Будимпешта: Сто милиони евра штета од сушата во Унгарија


Сушата што летово ја погоди Европа во унгарија предизвика штета поголема од 100 милиони евра. Представник на унгарското министерство за земјоделие соопшти дека се стравува оти штетата би можела да биде поголема доколку топлотниот бран и сушата продолжат. Унгарија ќе побара помош од Европската Унија бидејќи земјоделците посеале полиња кои треба да се ожнеат идната година кога Унгарија ќе стане членка на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG