Достапни линкови

Продолжуваат разговорите со СПЦ за да се најде решение за враќање на плочата на АСНОМ


Продолжуваат разговорите меѓу претставници на Српската православна црква и на српската влада во врска со враќањето на плочата на АСНОМ и прославата на Илинден. Потпретседателот на српската влада Жарко Кораќ за Радио Слободна Европа вели дека се уште се прават напори да се изнајде некакво решение:

„Во овој момент имаме ситуација Српската православна црква поради многу драматичното влошување меѓу двете цркви, да има многу тврд став во однос на враќањето на плочите и воопшто во односите меѓу тие две цркви. Наша желба е ваквите односи да не ги влошат и односите меѓу двете држави кои многу добри. Во контакт сме со Свилановиќ кој во минатата среда имаше средба со министерката Митрева, а српската влада е во контакт и со господин Миќуновиќ, претседател на Собранието на Србија и Црна Гора кој е домаќин на прославата. Но, ставот на Синодот – морам да ви кажам – е многу тврд. Во овој момент се обидуваме да најдеме некакво решение,а основна желба ни е навистина лошите односи помеѓу двете цркви да не ги влошат добрите односи меѓу државите“.

Тоа беше изјавата на потпретседателот на српската влада Жарко Кораќ во врска со разговорите со Српската православна црква што денеска продолжуваат во Белград. Како што е познато, српската влада му наложи на братството на манастирот да ги врати спомен плочите до утре. Враќањето треба да го изврши српскиот завод за заштита на спомениците чиј директор Марко Омчикус за нашето радио изјави:

„Јас се уште не знам како тоа ќе се инструментализира. Тука е проблемот. Дали тоа ќе биде спроведено со помош на полицијата или со помош на луѓе кои ќе треба физички да го обезбедат поставувањето на плочата. И не само тоа, туку и нејзиното останување таму“
XS
SM
MD
LG