Достапни линкови

logo-print

Македонските власти немаат информација


Македонските власти немаат добиено информација дека на одделни свешеници на Српската православна црква не им било дозволено да влезат во Mакедонија и дека премиерот на Србија Зоран Живковиќ поради тоа ќе упати протестна нота.

Од тие причини шефот на кабинетот во мнистерството за надворешни работи Санта Аргирова и портпаролот на владата Сашо Чолаковски кусо изјавија оти таквата информација тие не може да ја коментираат.

„Во македонското министерство нема добиено ништо официјално„
„Нема таква информација“


Аргирова додаде оти доколку во текот на денот пристгне потврда на информацијата според која српски свешетници не биле пропуштени во Македонија односно ако премиерот на таа земја упати протесна нота тогаш би следувал и одговор од наша страна.

Што се однесува пак на најавите дека владата на Србија ќе најде решение за враќање на спомен плочата во манстирот Прохор Пчински како што беше договорено на средбата на мнситерката Илинка Митрева со српскиот премиер Зоран Живковиќ, Аргирова потсети оти според најавите тоа треба да биде решено овој петок што значи оти тој рок сеуште не е истечен.

„Беше дадено ветување од страна на српскиот премиер Живковиќ дека плочите ќе се вратат на старото место. Рокот уште трае“

Во меѓувреме пак во Македонската православна црква каде воопшто не сакаат да ја коментираат односно да ја потврдат или демнтираат информацијата дека српски свешетници не биле пропуштени во Македонија единствено велат оти комуникацијата на релација СПЦ-МПЦ во овие денови изостанува.

„Контактите со СПЦ се никакви, на воена нога. Засега воопшто не контактираме“

рече портпаролот на МПЦ Тимотеј.
XS
SM
MD
LG