Достапни линкови

Акцијата за предавање на оружјето почнува на 1 ноември


Акцијата за доброволно предавање и собирање на огнено оружје, муниција и експлозивни материи ќе почне на 1 ноември, така решија членовите на координативното тело за доброволно предавање на нелегалното оружје.

„Едногласно, Координативното тело одлучи акцијата да почне од 1 ноември 2003 година“

изјави претседателот на Координативното тело Гзим Острени.

Меѓународната заедница првично предложи акцијата да запоне на пролет наредната година.

„Во текот на вчерашниот ден во МВР се одржа состанок со претставници на меѓународната заедница на кој беа разгледани прашањата за и против термините кои беа договорени. Прифаќањето на датумот од 1 ноември сепак и за нас претставува солиден период, особено што се поклопува со завршувањето на мандатот на „Конкордија“ и очигледно е дека успешноста на оваа акција многу ќе зависи и од поддршката на меѓународната заедница“

изјави министерот за внатрешни работи Хари Костов.Со ваквата оценка на Костов не се согласи Тито Петковски член на координативното тело

„Не знам зошто го поврзуваме терминот со заминувањето на „Конкордија“ од Македонија. Ние тоа треба сами да си го организираме. И воторо, да заклучиме и договор со Господ да не врне снег некаде околу 15 декември за тој да не ни одмогне во спроведувањето на акцијата“
XS
SM
MD
LG