Достапни линкови

logo-print

Поголема заштита на сведоците


За прв пат во Македонија во новиот предлог за измена на законот за кривична постапка се предвидува можност за заштита на сведоци, што е од особено значење во борбата против организираниот криминал, смета Гордана Бужаровска, доцент на казнено поправно право на правниот факултет, која смета дека тоа е само еден мал сегмент кој помага во борбата против организираниот криминал. Притоа таа објаснува во што се состои промената:

„Чување на тајноста на идентитетот на сведокот, пред се, потребата од обезбедување лична заштита на обештетениот сведок, понатаму, промена на местото на престој и вработување, и промена на неговиот идентитет со нови идентификациони исправи. Тоа е содржината на заштитата. Инаку, во предлогот-измени на законот за кривична постапка се предвидува можност ваквата заштита да се лоцира во некоја порана фаза, или пак по донесувањето на обвинителен акт па до завршувањето на процесот, зависно од оценката на оној кој раководи со претресот“

Бидејќи станува збор за специфичен и скап метод, предвидено е заштитата да се определи само во некои случаи:

„Заштитата е предвидено да се однесува на кривични дела за кои се гони по службена должност, тогаш кога може да се изрече казна од 4 години или потешка. Постои една алтернатива на делата за кои се гони по службена должност, што се извршени од група или од криминално здружение заради присвојување на противправна имотна корист и тука се посебно делата за тероризам, неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци, недозволено држење на оруже. Значи, навистина специфични дела каде што заштитата би помогнала да се открие целата мрежа, целата организација на сторувањето крибично дело. Е сега, заштитата може да се определи тогаш кога е веројатно дека изјавата на заштитениот сведок ќе може да го доведе на опасност по живот или физички интегритет“

вели Бужаровска.

Таа посочува оти за успешно спроведување на оваа заштита потребно е да се донесе и посебен закон.

„Бидејќи навистина се работи за суптилна материја, за посебно обучен кадар којшто сето тоа ќе го изведува, неопходн е меѓународна соработка. Меѓутоа, сето тоа ќе биде предмет на посебна разработка во законот за заштита на сведоците“
XS
SM
MD
LG