Достапни линкови

logo-print

Акцијата за собирање на оружјето не треба да биде избрзана


Доколку е оценето дека не се направени доволни подготовки за започнување на кампањата за доброволно предавање на оружјето, најдобро е предвидениот рок да биде одложен за напролет, вели Димитар Мирчев, директор на невладината организација за европска безбедност:

„Поарно е да се одложи за неколку месеци, одошто да се дискредитира целата акција. Затоа што ако навистина не успее, ако се собере некој симболичен број на мали оружја, за долго време можностите за доброволно разоружување ќе отпаднат. Така што јас сум за тоа ако е оценето дека не се извршени подготовки, или нема време до октомври, поарно е сепак да се одложи“

вели Мирчев.

Според националната предвидено е доброволното предавање на оружјето да започне на 1-ви октомври или пак на 15-ти идниот месец. Но, претставниците на меѓународната заедница предлагаат собирањето да започне наредната година. Ставот на МВР и Министерството за одбрана е дека собирањето треба да започне годинава:

„Ако е неподготвено, поголем дел ќе остане кај населението, кај фамилиите, така што повторно ќе има инциденти подоцна. Работа е на логиката дали подготвеноста е на повисок степен. Ако министрите за одбрана и за внатрешни работи оценуваат дека се извршени подготовки, и јас би бил за тоа“

потенцира Мирчев, кој посочува, по завршување на 45-те дена на целата кампања мора да профункционира правниот поредок на целата територија на земјава.

„Послетоа правниот поредок ќе треба да профункционира апсолутно и на тоа подрачје. Мислам дека и сега, и кривичниот закон и уште неколку законски прописи, имаат предвидено ситуации на справување со неовластено држење на оружје и доведување во опасност на населението. Така што ќе мора да профункционира правниот поредок, со казни кои се предвидени“
XS
SM
MD
LG