Достапни линкови

Либерија: Повеќе од шестотини загинати


Повеќе од шестотини цивили се убиени во овие неколку дена во борбите меѓу владините сили и бутовниците во главниот град на Либерија, Монровија – изјави либерискиот министер за одбрана Денијел Чеа за Ројтерс.Хуманитарните организации сметаат пак дека околу стотина цивили се убиени во борбите во кои бунтовниците се обидуваатт да го завземат главниот град. Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан побара итна меѓународна интервенција за запирање на граѓанската војна во Либерија. Вашингтон соопшти дека ќе упати дополнителни 4 и пол илјади маринци во Средоземното море за да бидат испратени во Либерија доколку тоа биде потребно.
XS
SM
MD
LG