Достапни линкови

logo-print

Употреба на генетски модифицирана храна


Еден од најжешките трговски спорови меѓу Соединетите Држави и Европската Унија е оној за употребата на генетски модифицираната храна. Аналитичарите оценуваат дека околу ова прашање самата Европска Унија е ставена во сложена позиција што се потврдува и со неодамна усвоениот закон кој ја подотвори вратата на Европа за овој вид продукти, но само под одредени услови. Фатени во средината на спорот се европските земји кандидати за членство.

Приврзаниците на генетички модифицираната храна сметаат дека со неа ќе се реши проблемот на недостаток од храна во светот, оние што и се спротивставуваат мислат дека станува збор за ситуација опишана во приказната за Франкештајн – каде човекот научник губи контрола врз суштеството што самиот го создал. Во последниве години научниците развија генетички модфицирано семе што на пример може да опстане во екстремни услови или да биде отпорно на инсекти и паразити. Со тоа не само што се зголемува приносот туку и се намалува потребата од употреба на пестициди. Во развивањето на таков вид продукти светски лидер се Соединетите Држави. Во светската трговска организација Вашингтон ја има подршката на Аргентина и канада. Но Европската Унија нема такво мислење за генетски модифицираната храна. Таа усвои нов закон кој предвидува укинување на постојаната забрана за овој вид продукти, но и нивно прецизно означување како и ригорозни правила за производство. Всушност она што ги предизвикува резервите на администрацијата во Брисел не е мислењето дека таквата храна е ризична, туку општо општо присутната загриженост во европската јавност- Изјави портпаролот на европската Комисија Беата Гминдер

„Ние не ја означуваме генетски модифицираната храна затоа што сметаме дека таа е ризична туку затоа што мислиме дека потрошувачите во Европа тоа го сакаат.“

Аналитичарот Катинка Бараш смета дека Европа околу ова прашање е ставена во мошне сложена ситуација

„Од една страна Европската Унија сака висока технологија и напредување, а тоа бара малку полиберални закони кога станува збор за генетички модифицираната храна и истражувањата од тој вид. Од друга страна Европската Унија ја зема сериозно во предвид загриженоста на сопствените граѓани.“

Во уште посложена ситуација се земјите кандидати кои сеуште не се членки на Европската Унија. Некои како Полска и Словенија акцентот го ставаат врз многу поскапата органска или еколошка храна. Другите како Романија, Бугарија но и Украина и Русија се понаклонети кон генетски модифицираната храна. Во ова предничи Романија каде, според екологистите, се засеани десет илјади хектари соја од генетски модифицирано семе.
XS
SM
MD
LG