Достапни линкови

Вашингтон: Според Пауел потребно е време за запирање на нападите во Ирак


Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска изјави дека ќе треба извесно време за да бидат запрени нападите врз американските сили во Ирак. Напаѓачите се кријат, но ќе бидат победени, рече Пауел откако во текот на изминатата ноќ беше убиен уште еден американски војник за време на патролирањето во Багдад. Тоа е сто четириесет и деветиот американски војник кој, како што официјално се соопштува, бил убиен во непријателски оган во Ирак.
XS
SM
MD
LG